Екстра

Кинеско село на богаташите: Мистериозно место кое жителите не смеат да го напуштат

Прашањето како Хуаси од сиромашно село стигна до овој престижен статус и понатаму е обвиено со мистерија и останува тајна. Жителите за своето богатство не зборуваат и тоа се смета за тајна, а пристапот на медиумите таму е прилично ограничен.

А зошто жителите не смеат да го напуштат селото? Едноставно, бидејќи тамошното правило е дека ако го напуштите, губите сè што поседувате и што сте стекнале, па жителите на ова село буквално живеат како затворени во златен кафез.

Селото е сместено во областа Џиангсу и целосно оправдано го носи името „Село на богаташите“. Облакодер на 72 ката, хеликоптери по небото, тематски парк и луксузни вили се реалноста во која живеат жителите на едно од најинтересните и најнеобични места на светот.

Секој од вкупно 2.000 жители колку што официјално брои ова село, има повеќе од 143.000 долари на банкарска сметка и живее во вила. Всушност, сите живеат во целосно идентични вили.

Но, постои и финта која погоре ја споменавме. Ако одлучите да го напуштите селото и да се преселите на друго место, губите сè што имате на вашата банкарска сметка и вилата, па поради тоа правило речиси никој не смее да го напушти златното село, бидејќи ќе остане без ништо и ќе заврши на улица. Треба да се спомене и дека жителите од ова село работат седум дела во неделата, па се поставува прашањето каде воопшто можат да ги потрошат сите тие пари кои ги имаат? Очигледно, само во Хуаси.

Пред 30-тина години ова село било само уште едно од илјадниците сиромашни села во Кина, со популација од околу 600 жители. Но, тогаш се појавил високиот партиски функционер Ву Ренбао и донел план со кој требало да се донесе коренит просперитет во селото. Наскоро биле основани неколку фирми и сиромашното население го направил богато.

Медиумите се заинтересираа за Хуанси во 2004 година, кога беше објавено дека еден жител на ова село годишно во просек заработува 18.000 долари, што е значително повеќе од парите кои можат да се заработат во другите кинески провинции.

За да ја покажат моќта на селото, властите во 2011 година изградиле фасцинантен облакодер со 72 ката, за чија изградба биле потрошени 430 милиони долари. Висината на облакодерот изнесува 328 метри, што е за 4 метри повисоко од Ајфеловата кула.

Секако, селото си има и превозно претпријатие. Но тоа, како што може да се очекува, не сообраќа по копно, туку по небо. Имено, за јавниот превоз на жителите се користат хеликоптери, па така луѓето од селото во околните градови можат да бидат за десетина минути.

Тука е и големиот тематски парк во кој се наоѓаат реплики од сите славни градби како Кинескиот ѕид и Забранетиот град.

Но, останува тајна како жителите на ова село во рекорден временски период од сиромашни толку многу се збогатиле. Новинарите таму немаат пристап пред да добијат дозвола од локалните власти.

Исто така, не постојат барови и ноќни клубови, па се поставува прашањето каков е животот во ова пребогато и мистериозно село.

А како изгледа тоа можете да погледнете на видеото подолу.

To Top