Кинеско чудо кое може да го покори светот: Има 14 години и е висока 2.26 метри


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кинеската кошаркарка Жанг Зиу е висока 2.26 метри и има само 14 години.

Уште сега Жанг ја споредуваат со нејзиниот сонародник Јао Минг, поранешната НБА ѕвезда. Со оглед на она што прави со топката, ова девојче во иднина може да доминира во женската кошарка.

По потекло е од источнокинеската провинција Шандонг, а доаѓа од високо семејство. Нејзиниот татко е висок 213, а мајка и 198 сантиметри. Нејзината мајка е и репрезентативка на Кина.

Во финалето на кинеското државно првенство во нејзина категорија уфрли 42 поени, имаше 25 поени и шест блокади.