Деспотовски: 105 милиони евра нови странски инвестиции во првите 6 месеци во ТИРЗ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од почетокот на годинава во ТИРЗ се склучени договори со вкупен обем на инвестиции од 105 милиони евра, а во првите шест месеци е остварена највисока економска активност во зоните, покажува анализата за полугодишното работење на Дирекцијата која ја презентираше директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски.

„Во текот на вчерашниот во процедура на формално одобрување влегоа два нови договори, за компанијата Дура која ја проширува инвестицијата во трета фаза и Витек која инвестира во втора фаза. Вкупниот обем на овие две инвестиции е 40 милиони евра така што заклучно со нив во првите шест месеци имаме склучени договори во вкупен износ 105 милиони евра. Уште позначајно е тоа што само овие компании во наредниот период треба да донесат 1850 нови работни места, над 2 милијарди приходи, а во државата меѓу другото да уплатат над 70 милиони евра за придонеси и и данок на добивка. Исто така во моментов преговараме со 30 компании за вкупен обем на инвестиции над 400 милиони евра. Сето ова се конкретни резултати на новиот концепт на работење и мерки на ТИРЗ и Владата за поттикнување на инвестиции,“ рече Деспотовски. Со ваквиот тренд тој очекува 1 милијарда странски инвестициии отворање на дополнителни 14.000 работни местаза 3 години.

Во зоните е регистрирано и рекордно полугодие во работењето во изминатите дваесет години и во однос извозот и на увозот. Така вкупниот обем на извозот во првите шест месеци достигна 1 милијарда и 539 милиони евра што е за 68% раст во однос на 2020 година, 12,5% во однос на 2019, односно 33% во однос на истиот период во 2018 година. Рекордна економска активност има и кај увозот во зоните. Вкупното ниво на увоз исто така достигна 1 милијарда 535 милиони евра што споредено со истиот период во 2020 година е за 90% повеќе, додека во однос на 2019 има раст од 18,5% и 55,6% раст во однос на 2018.

„Овие бројки покажуваат дека економијата во ТИРЗ е на добар пат и повеќе не зборуваме за опоравување туку за реален раст. Ќе настојуваме со конкретни мерки овие бројки да ги поттикнеме уште повеќе,“ рече Деспотовски.

Регистрирано е и значително покачување во однос на просечниот бројот на вработени, односно речиси 50% зголемување во последните 5 години. Во моментов во зоните има вкупно 14230 вработени.

Деспотовски посочи дека новиот концепт на работење со кој веќе е воведен едношалтерски систем со кој се пружа целосна поддршка на инвеститорите на едно место од планирање на инвестиција до поддршка во работење, кој се фокусира на поквалитетни инвестиции кои носат високо платени работни места и повеќе пари во буџетот и кој нуди индивидуализирана поддршка на инвеститори на база на 10 годишна проекција на обрт, приходи и вработувања и плати веќе дава конкретни резултати.