Како да се ослободите од вашите најголеми извори на стрес?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Живееме во време кога, реално и сурово, но тежнееме кон тоа да ги задоволиме апетитите и желбите на сите околу нас, освен на оној што е најбитен – на самите себе!

Запомнете – самите себе сте си најважни, самите себе си должите живот без стрес, а со тоа, ги подобрувате сите нешта околу вас!

Којзнае што се би дале кога барем за момент некој би ни понудил да ни го одземе стресот, тежината и товарот што го носи со себе потребата да им се допаднеме на сите, да не ги разочараме или едноставно – да ни ја намали жедта за амбициозни и високи резултати на работното место, дури и кога сме на работ на бездна поради истата.

Во стресни ситуации кога ве обземаат грижи, тежини и навидум безизлезни мисли, олеснете си го со менување на овие десет работи во себе:

1. Веднаш ослободете се од потребата да ги задоволите другите!

2. Престанете да измислувате изговори дури и за најмали ситници!

3. Не мислете дека се чека на ваша реакција, некои работи можат и ќе чекаат!

4. Дозволете си да бидете недостапни за другите кога чувствувате потреба да го сторите тоа. Во ред е да ја одбиете поканата за дружење некогаш, дајте си време за себе, не е себично, задолжително е!

5. Престанете да верувате дека ви треба само она што го немате, за да бидете посреќни и поуспешни. Не е точно дека постои само една работа чија моќ е толку голема што владее со вашиот успех и неуспех. Секогаш постои друга можност!

6. Контролирајте ја вашата желба да се пофалите. Постојат луѓе кои ќе ве гледаат онакви какви што сте навистина, без да мора да им докажете. Вие сте единствените вистински!

7. Престанете да се обидувате да бидете прифатени од сите. Никогаш нема да ве прифатат сите и тоа е во ред. Ваша работа е да откриете што е тоа и да го донесете!

8. Запомнете дека не мора да ги знаете сите детали. Животот понекогаш добро функционира на мистериозен начин!

9. Отфрли ја идејата дека треба да бидеш совршен. Грешки им се случуваат на сите!

10. Не предизвикувајте си дополнителен стрес сметајќи се себеси одговорен за секој во вашата околина. Верувајте дека милостивата универзална сила на љубов и правда што е иста за сите – ќе им помогне. Давањето поддршка и помагањето на другите е прекрасно, но кога ќе почне да предизвикува стрес, време е да ја оставите ситуацијата сама да тече. Кога ќе се намалите под товарот на стресот, отфрлете дел од товарот и ќе добиете нова кора од лимон, свежа енергија, ќе бидете поотворени и експресивни. Со оваа нова енергија, можете да им помогнете на повеќе луѓе!