Кели од Беверли Хилс денес има 44 години и живее живот каков сигурно не очекувала


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пред повеќе од 20 години, Џени Гарт го играше ликот на Кели во една од најпопуларните тинејџерски серии на сите времиња, Беверли Хилс 9012, улога која ја вивна во ѕвезденото небо на славните холивудски актерки.

На почетокот на ’90-те, заедно со остатокот од актерската екипа од оваа серија, стекна светска слава и стана еден од најпознатите ликови од некоја ТВ серија. Денес има 44 години и не така успешна актерска кариера.

Откако заврши со снимање на серијата, Џени доби уште неколку помали ангажмани, но со ниту еден од нив не успеа да оствари успех како со Беверли Хилс. Пред осум години учествуваше во американската верзија на „Танц со ѕвездите“, а сними и реално шоу во 2014 година, кое исто така не постигна голем успех.

Денес е мајка на три деца и уште се обидува да добие поголем проект на малите и големите екрани.