Катица Јанева се раслекла по долна облека во Заводот за ревизија – Фрчкоска вели дека била исплашена оти ја спровеле без најава


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бившата специјална јавна обвинителка и шефица на СЈО, Катица Јанева, која е обвинета во случајот „Рекет“ и која вчера од куќен притвор беше спроведена во Државниот завод за ревизија да даде изјава за надоместоците што се земаа во Специјалното јавно обвинителство, наместо изјава, таму се раслекла само по долна облека.

Поради однесувањето на поранешната обвинителка бил направен записник и констатиран прекршок кој одбила да го потпише и прими.

Информациите дека Јанева се соблекла се неофицијални, а официјално од МВР велат дека Јанева го нарушила јавниот ред и мир.

„Во 10.30часот, К J. (1965) по Наредба од од Основен Кривичен Суд – Скопје била спроведена во Државен Завод за Ревизија, во Палата Емануел Чучков, каде го нарушила јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување на јавно место. Сочинет Записник за констатиран прекршок“, изјавиле од МВР за Фокус.

Потоа била повикана итна помош и Јанева добила инејкција за смирување, па префрлена во станот каде ја издржува мерката куќен притвор.

Адвокатката Ирена Фрчкоска, која е дел од одбраната на Катица Јанева, во изјава за Фокус вели дека Јанева била исплашена кога без најава и покана била однесена во Државниот завод за ревизија (ДЗР) на наводен работен состанок. Адвокатката вели дека на таквиот состанок иако нејзиното присуство не е задолжително, таа била однесена со полиција и не и биле овозможени нејзините права.

„Јанева во знак на револт и била уплашена кога видела јавен обвинител на лице место. За нас е нејасно зошто на наводно работен состанок во Државниот завод за ревизија присуствувал јавен обвинител“, вели Фрчкоска.

Таа објаснува дека судот издал наредба за спровод без Јанева да добие покана, и со тоа таа со сила била однесена во ДЗР. Исто така, не и било дозволено да ги повика своите адвокати.

„На тој работен состанок за презентација на ревизорскиот извештај за СЈО не е задолжително нејзиното присуство, односно може, но и не мора да присуствува“, вели Фрчкоска.