Сончев и топол четврток


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Времето денеска во цела Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од јужен правец. Попладне во северните делови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 26 Целзиусови степени, Маврово 20, Охрид 23, Битола 25, Крива Паланка 24, Берово 22, Кавадарци и Дојран 28.

Утре претпладне ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, особено во западните делови. Дневните температури ќе се движат од 18 до 29 степени.