Според неофицијални извори, денес ќе имаме 120 новозаразени од КОВИД-19 во последните 24 часа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според неофицијални извори на кои се повикува Алсат, последното деноноќие статистички ќе резултира со 120 нови случаи на заразени со коронавирусот во Македонија.

Ако бројката биде и официјално потврдена тоа ќе биде најцрниот рекорд од почетокот на епидемијата во Република Македонија.

Досегашниот црн рекорд изнесуваше 107 заболени лица регистрирани во еден ден односно за 24 часа.

Во текот на изминатото деноноќие на 435 лица им се издадени решенија за изолација, а 75 лица потпишале изјави за самоизолација.