Кај три деца констатирано труење со енергетски пијалоци


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Труење од енергетски пијалоци било констатирано кај три деца од 11 и 12 години, информираше денес МВР, пренесува Нова ТВ.

На 1 ноември попладне на Детската клиника при Клиничкиот центар Мајка Терезе во Скопје биле донесени тројца малолетеници затруени од енергетски пијалоци.

Соопштението на МВР прецизира дека станува збор за марката ”Симбо”.

Но штетите врз здравјето од консумирање на сите енергетски пијалоци се се повеќе проблем и особено кај децата.

НОВА веќе пишуваше дека продажбата на енергетски пијалоци во Македонија се наоѓа во сива зона.

“Нема никава законска рамка освен означувањето на опаковката за состојките што ги содржат овие пијалоци. Македонските институции за безбедноста на храна и пијалоци немаат проценка за ризиците од употребата на енергетските пијалоци особено ако тие се комбинираат со алкохол или за време на голема физичка активност”, вели за НОВА извор од една македонска институција задолжена за испитување на безбедноста на храната.

Ова е особено значајно ако се знае дека младите лица често ги пијат овие производи. Но во Македонија не постојат статистики за тоа колку се пие и колкава е возраста на лицата кои пијат.

Извор на НОВА сугерира дека треба брзо да се донесе подзаконски акти на постоечкиот Закон за безбедност на храната за да може да има јасни предупредувања до потрошувачите за ризиците од пиењето на овие напивки. И особено предупредувања за малолетните лица поради присуството на повеќе штетни субстанци во овие пијалоци.

За последниот случај била известена Агенцијата за храна и ветеринарство.