Јувентус спреми „покер“ засилувања!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми откриваат дека Јувентус спрема четири големи засилувања за следната сезона, а откриени се и нивните имиња.

Најголемо засилување ќе биде еден од најталентираните италијански фудбалери, Федерико Бернардески, кој ќе биде платен повеќе од 40 милиони евра.

Преговорите со Фиорентина се во напредна фаза, а Бернардески веќе има договор со „бјанконерите“ и инсистира да се пресели во Торино.

На средината на теренерот треба да пристигне Блас Матуиди од ПСЖ. Французинот влегува во последната година од договорот, сака да ја промени средината, па поради тоа неговата цена не е поголема од 15 милиони евра.

Во одбраната „старата дама“ ќе се засили со два бека, а тоа се Данило од Реал Мадрид и Де Шиљо од Милан.

За овие четири засилувања Јувентус ќе потроши околу 100 милиони евра, а клубот најверојатно ќе го напушти Алекс Сандро за кого Челзи е спремен да плати 65 милиони евра.