Готово: Рудигер во Челзи за 38 милиони!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми потврдија дека Челзи и Рома постигнале договор за трансфер на дефанзивецот Антонио Рудигер кој ќе се пресели на „Стенфорд Бриџ“ за сума од 38 милиони евра.

Приоритет на „сините“ во летниот преоден рок беше доведување на квалитетен дефанзивец, па поради немноста да го ангажираат Бонучи се свртеа кон Рудигер.

Двата клуба синоќа постигнаа комплетен договор, па така Челзи за Германецот ќе плати 33 милиони евра, плус 5 милиони како бонуси.

Рудигер моментално е со германската репрезентација на Купот на конфедерации, а веднаш потоа ќе допатува во Лондон на медицински прегледи.