Топ 10 најголеми фудбалски дербија
Раководството на Јувентус ќе се вклучи во борбата за потписот на Жоао Кансело, пренесуваат италијанските медиуми.
Во моментов португалскиот десен бек игра во Интер како позајмен фудбалер од Валенсија, а „нероаѕурите“ ќе имаат можност да го откупат на крајот на сезоната за 35 милиони евра.
Меѓутоа, миланскиот гигант не е спремен да плати толкава сума, а таквата ситуација ќе се обиде да ја искористи Јувентус.
Јувентус е во добри односи со Валенсија поради трансферите на Нето и Заза, па веќе го информирале шпанскиот клуб дека се заинтересирани за Кансело.
Сепак, Интер има предност и може да го откупи на крајот на сезоната, но доколку не се случи тоа, Јувентус е веднаш спремен да реагира.