„Јутјубер“ открива како флиперите не мамеле кога сме играле „Street Fighter“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ако сте дете на ’90-те години од минатиот век, гарант барем еднаш ја имате играно тогаш планетарно популарната игра за флипери и Nintendo, „Street Fighter“.

„Street Fighter II: World Warrior“ важи за една од најпопуларните видеоигри на сите времиња. Позната е по тоа што е прилично тешка, а „јутуберот“ кој се потпишува како desk откри како компјутерот во оваа игра ги мамел играчите и тоа на повеќе начини.

Второто продолжение од култната „Street Fighter“ излезе во 1991 година за флипери, а по година дена и за Nintendo. Продадени беа повеќе од 14 милиони примероци, што е одличен податок со оглед на тоа што се работи за почетокот на 90-тите.

Видео бјавата на desk преку која тој открива дека играта ги мамела играчите привлече прилично големо внимание во светот на гејмерите. Тој на видеото покажува како ликовите кои ги контролира компјутерот можат накратко да станат неуништливи. Брзо се опоравувале кога станувале „смрзнати“, а за дел од секунда можеле да направат потези за кои на играчите им биле потребни цели две секунди. Компјутерот исто така побрзо ги внесувал контролите отколку што човекот би можел да ги внесе. И за крај, можел да изведува потези кои играчите не можеле да ги блокираат.

Сето ова и тоа како ги фрустрираше играчите, нормално, без тие да знаат за што всушност се работи, па сепак не влијаеше на успехот на играта. И ден денес „Street Fighter“ е и тоа како популарна игра во некои делови од светот, а играчите ги имаат истите контроли како и пред 18 години. Сето тоа е најмногу благодарение на успехот на „Street Fighter II“.

Денес ваквото сценарио за нефер позиција на играта кон играчот е невозможно бидејќи, ако само за миг милионските армии „гејмери“ разберат дека некоја игра ги мами, производителот на истата дебело ќе заглави и ќе мора да се правда, а многу веројатно е дека ќе му пропадне и бизнисот поради тоа. Порано полесно и поспокојно знаевме да се помириме дека не можеме да го победиме флиперот.