Облачен и дождлив вторник


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес, 24 септември, вторник, во Македонија времето ќе биде претежно облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Овие врнежи на места ќе имаат пообилен капацитет, проследени со грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од девет до 16 степени, а дневната температура ќе се движи од 16 до 25 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и засилен ветер. Утринската температура ќе достигне до 13 степени, а дневната температура до 21 степен. Во Маврово 16, Охрид 22, Битола 24, Крива Паланка и Берово 18, Кавадарци 24, Дојран 25.

Утре и во четврток ќе се задржи променливо облачно време со локален дожд. Потоа од петок ќе настапи стабилизирање на временската состојба.