Југо развива 160 км/час за 7,8 секунди и тоа на мраз – еве го доказот (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со вградување на 5,4-литарски V8 мотор од Шевролет со нитро вбризгувач, овој Американец од своето Југо направил „пеколна машина“ на асфалтот.

Сепак, тоа не е единствената модификација, погонот е префрлен на задната осовина, каде што се ставени масивни гуми, со неколку стотици штрафови, за да биде автомобилот подготвен за тркање по мраз.

Ова американски Југо со сите подобрувања може да достигне брзина од 162,5 километри на час за неверојатни 7,88 секудни. И сето тоа по мраз.

Стандардното Југо СЛ доаѓаше со 1,1-литарски мотор со 55 коњски сили, а од 0 до 100 километри за час стигнуваше за околу 16 секунди.