Јубилејно 5-то издание на ракометен камп „Кирил Лазаров 7“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од понеделник, 4 февруари, официјално почнува пријавувањето за јубилејното петто издание на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“. Кампот ќе се одржи од 19 јуни до 1 јули во Охрид.

Организаторот и агенцијата „КМГ спорт“ на годинешното издание на кампот очекуваат над 350 деца од Македонија и Европа.

Мал јубилеј но значаен заради приматот кој го добива овој камп не само на далечина од 1000 км на сите четири страни од нашава Македонија туку и многу подалеку. Одлична организација, професионална реализација на богатите содржини кои од година во година дoбиваат на квалитет и секако најсилната причина за камп од светски ранг е 24 часовното присуство на најдобриот стрелец на планетава во тие 14 дена.

Камп на кој сите се еден, без оглед кој од каде доаѓа , потекнува, колку е голем или мал, колку има или нема. Потврда за тоа е огромниот интерес да се биде дел од кампот, бројот на децата учесници, професионалните тренинзи, прекрасните спомените и неизмерливата количина на љубов кон ракометот на секој кој бил дел од кампот на Лазаров во изминативе години.

„Вистинските победници во животот се решени да направат разлика, било да е таа голема или мала, и тоа е она што ги прави поинакви од другите. Со ова би го опишал нашето петтогодишно постоење и функционирање на високо ниво.Со многу посветеност, труд и ангажираност успеавме да направиме добар производ во кој се инволвирани најмладите, односно иднината на нашата држава. Направивме тим на лојални, чесни луѓе со иницијатива, оптимизам и полни со ентузијазам… Создадовме тим за иднината. Се трудиме да ги воспитуваме и нашите деца од кампот во тој правец затоа што денешниот успешен член на тимот е успешен утрешен водач. Поставивме цел,и кои се тешко дофатливи, но сепак може да се дофатат. Благодарност до сите инволвирани во овој проект и се надевам на уште многу јубилеи во иднина”, вели творецот на кампот „КЛ7“ и капитен на македонскиот национален тим, Кирил Лазаров.

Од понеделник 04.02.2019 официјално започнува пријавувањето (http://kl7.mk/kamp/prijava/), а организаторите, агенцијата КМГ СПОРТ, очекуваатпотполнување на бројот на учесници во рекорден рок. Според програмата која е предвидена сите членови на кампот ќе имаат максимални услови, опрема и стручна помош за усовршување, дружење и многу забава.