Џон Леџенд допрва во животот се учи да плива (видео)

На повеќето кои доволно добро или одлично знаат да пливаат, веројатно ќе им звучи чудно што некој на таа возраст уште не знае да плива – но, фактичката состојба кај славниот музичар Џон Леџенд е токму таква. Типот не знае да плива, па допрва се учи да ја совлада таа вештина.

Некои од неговите обожаватели дури мислеа дека Џон се шегува кога тој објави видео покрај кое откри дека не знае да плива и сега се учи да го прави тоа.

„Јас, всушност, не знам да пливам. Денес ми е втор обид да се научам на тоа, првиот пат беше кога имав пет години. Мојот татко научил да плива кога имал 60 години, така што мислам дека не доцнам многу“, напиша Леџенд на Твитер.

Меѓу другите кои му изразија поддршка беше и американската пливачка Кристи Ковал.

„Оваа недела сум во Калифорнија. Јави ми ако сакаш тебе и на своите деца да ви одржам неколку лекции“, му пиша Кристи на музичарот.