Јоновски потпиша за Ратинген


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Аце Јоновски во следните две сезони ќе биде ракометар на екипата на Ратинген, клуб што се натпреварува во третата Бундес лига.

Искусниот 36-годишен македонски репрезентативец, настапуваше за тимот на Бергишер, но откако клубот не успеа да обезбеди опстанок во елитната лига, следуваше реконструкција на составот.

Јоновски сакаше да остане во близината на Дизелдорф, па од семејни причини одлучи да потпише за Ратинген. Договорот е постигнат, деновиве треба да биде и официјализиран.