Home Шоубизнис Јахта, обезбедување, личен фотограф – катарскиот шеик ужива во тежок луксуз во Далмација

Јахта, обезбедување, личен фотограф – катарскиот шеик ужива во тежок луксуз во Далмација

Катарскиот шеик Хамад бин Калифа Ал Тани со семејството крстари по водите на Јадранското море, уживајќи во луксузот кој им го пружа 125-метарската јахта „Катар“ која е изградена во 2010 година.

„Катар“ моментално е 14-та по големина јахта на светот. Откако се вкотвија недалеку од Ломбард, многубројното катарско семејство одлучи да се освежи во една локална гостилница. Повеќето од нив таму пристигнаа со автомобили и по краток престој, се вратија со глисери назад на јахтата.

Бројното обезбедување, лусузните автомобили и џамбо јахтата со хеликоптер го привлекоа вниманието на локалното население и туристите. Семејството на шеикот со себе си носеше и приватен фотограф кој го овековечуваше секој миг од нивниот одмор.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Ручек за 20 минути: Меган Маркл во омилените тестенини додава киселен лимон

Омилениот брз оброк на Меган Маркл се тестенини со лук, маслиново масло и свеж босилек, но…