„Ја завршуваме приказната засекогаш ако не ми обезбедиш трансфер во…“ – откриено како Роналдо ја прекинал соработката со Мендеш


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жорж Мендеш кој повеќе од две децении соработуваше со Кристијано Роналдо од оваа зима повеќе не е задолжен за кариерата на Португалецот.

Сега во медиумите се појавуваат информации за тоа како се разделиле. Првата голема расправија помеѓу Роналдо и Мендеш била во 2018 година кога Мендеш побарал од Португалецот да не заминува од Реал Мадрид, а Роналдо сепак одлучил да потпише за Јувентус.

Втората расправија се случила во 2022 година кога Роналдо се врати во Манчестер Јунајтед. Мендеш сметал дека враќањето во Јунајтед е погрешен потег, на крајот и се покажа дека бил во право затоа што Роналдо ништо не покажа во својот втор мандат на „Олд Трафорд“.

Конечната разделба меѓу Мендеш и Роналдо сепак се случи оваа зимо. Наводно, Роналдо имал барање кое изгледа како невозможно.

„Обезбеди ми договор со Баерн или Челзи, во спротивно ја завршуваме приказната засекогаш“.

„Ти си луд…“, кратко одговорил Мендеш.

По ваквиот разговор Роналдо донел одлука да стави крај на нивната соработка, а откако не пронајде клуб кариерата ја продолжи во Саудиска Арабија, во Ал Наср.