Славни

Ја викаат „српската Шерон Стоун“ (видео)

Тамара Јурениќ за јавноста стана позната како телевизиска водителка, па советничка на министерот за економија Жељко Сертиќ. Сега врши три функции, а за две прима доста високи парични надоместоци.

После телевизискиот ангажман стана советничка на тогашниот српски министер Сертиќ, па се префрли во Министерството за правда, каде и денес е вработена. Покрај тој ангажман, таа е претседател и на Управниот одбор на Агенцијата за развој на Србија, како и член на надзорниот одбор на Air Serbia каде што, како што самата тврди, работи „волонтерски“.

Во центарот на вниманието од јавноста се наметна како „српската Шерон Стоун“, кога во една ТВ емисија ги прекрсти нозете како познатата холивудска актерка во филмот Basic Instinct.

Advertisements
To Top