Извлечени противниците на Македонија на Европското првенство во 2022 – еве што ни донесе жребот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ракометната репрезентацијата на Македонија денес ги дозна противниците во групата за Европското првенство во 2022 година.

Македонија пред неколку дена со победа ги заврши одличните квалификации во кои со 10 бода завршивме втори во групата со ист број на бодови колку и Данска, светскиот и олимписки шампион беше пред нас поради подобриот меѓусебен дуел. Зад нас останаа Швајцарија и Финска.

Денешната ждрепка сакаше Македонија и на Европското првенство да биде во група со Данска. Покрај Данска со нас во групата ќе бидат уште селекциите на Словенија и Црна Гора.

ГРУПА А : Словенија, Данска, МАКЕДОНИЈА, Црна Гора.

ГРУПА Б : Португалија, Унгарија, Исланд, Холандија.

ГРУПА Ц : Хрватска, Србија, Франција, Украина.

ГРУПА Д : Германија, Австрија, Белорусија, Полска.

ГРУПА Е : Шпанија, Шведска, Чешка, БиХ.

ГРУПА Ф : Норвешка, Русија, Словачка, Литванија.