„Изгубени во преводот“: Норвежаните на Олимпијадата по грешка порачаа 15.000 јајца


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Гладните норвешки спортисти на зимските Олимписки игри во Јужна Кореја можат без престан да јадат јајца со оглед на фактот дека нивниот тимски готвач по грешка порачал дури 15.000 јајца.

Обидувајќи се да направи нарачка со помош на превод преку Google Tranlsate, наместо планираните 1.500, готвачот добил 15.000 јајца од кокошка. Иако се пожалил на преводот, изгледа дека типот пишал и една нула отфазла.

Готвачот Стал Јохансон за норвешкиот весник Aftenposten изјавил дека за среќа успеал да ги врати вишокот јајца.

Иако не е сосема јасно како дошло до таква грешка, новинарот за ВВС од Кореја, Дејвид Кан, истакна дека во неговата земја се користи друг систем на броење, но дека и грешка при внесувањето може да биде дел од конфузијата.