„Издигнување од пепелта“ – приказната на Џеси кој од бездомник и наркоман стигна до доцент и факултетски асистент


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Животната приуказна на Канаѓанецот Џеси Тистл, кој до бездоминики наркозависник, стигна до академскиот научен врв, е навистина импресивна и мотивирачка.

Роден е во Саскачеван откако неговиот татко, криминалец во бегство од Торонто, ја запознал неговата мајка, член на домородното канадско население Метис Кри. Таткото на Џеси бил зависник од дрога, па целото домаќинство се распаѓало од самиот почеток. Двојката се развела, а Џеси се преселил со неговите двајца браќа и мајка му.

Тие останале таму сè додека нивниот татко не се вратил во живот, наводно рехабилитиран и трезен, па изрази желбал да се грижи за децата. Мајката ги оставила со татко им некое време.

Оттука започнале проблемите. Нивниот татко често ги оставал подолго време заклучени во станот додека набавувал дрога низ градот. Откако еден сосед пријавил занемарување на децата, момчињата завршиле во сиропиталиште и живееле со разни посвоители сè додека не ги зеле под закрила бабата и дедото од Онтарио.

Џеси не одел на училиште и поминувал време на тајни рејв забави каде се опуштал со дрога. „Се изгубив, ми требаше многу време … Велат дека марихуаната е вовед во тешка зависност, но не е, тоа е траума “, рече тој за Унилад.

Го напуштил училиштето, продолжил да се дрогира, а неговите баба и дедо го избркале од куќата. Потоа, живеел кратко со едниот брат, а потоа со другиот, но не можел да остане подолго со никој од нив.

Додека живеел со неговиот брат Џери, еднаш се нашол пред заклучениот стан. Во зависничкото лудило, замислил дека неговата девојка е во станот со брат му, па се обидел да се искачи на третиот кат. Паднал и ги скршил и зглобовите и нозете, а поради физичката состојба добил непријатна инфекција.

Поради кражби и провали, неколку пати бил во затвор каде забележал затвореник кој немал проблеми со никого и се посветил на учење. Џеси сфатил дека може да научи нешто од него и да си го промени животот. Основното образование го завршил во затвор, со помош на другите затвореници кои го научиле дека нема да стигне далеку сам затоа што едвај читал.

Контактирал со Центарот за рехабилитација Харвст хаус кој му ја платил кауцијата и го зеле во нивната програма. Таму го продолжил своето образование и дипломирал, а потоа успеал да се запише на Универзитетот Карлтон и учел дење и ноќе. Зависноста од кокаин и алкохол ја заменил со опсесија за успех и школување. “Едно нешто што научив како зависник е работната етика. Никој не работи понапорно и толку посветено како наркоман”, се сеќава Џеси.

Следен бил Универзитетот Јорк , каде што станал асистент за истражување. Тој ја истражил канадската колонизација и ги проучувал неговите корени, а еден професор го убедил повторно да стапи во контакт со неговата мајка, што тој го сторил. Меѓу 50 000 студенти на Универзитетот Јорк, Џеси завршил со најдобри оценки и веднаш му била понудена работа како асистент на тој универзитет, што тој го прифатил.

Додека бил на рехабилитација, ја запознал Луси, неговата идна сопруга. И покрај тоа што луѓето и велеле дека Џеси е само проблем, Луси верувала дека може да си го среди животот.

Џеси напишал и книга за своите искуства, насловена From The Ashes, која станала најпродаваната книга за 2020 година во Канада и го привлекла светското внимание.