„Избори се ближат, избори се ближат – секогаш АМДИ-КОЛА“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Подобро мене да ме избереа од ВМРО-ДПМНЕ, ќе ги извадев од кал“, вака директно коментираше Амди Бајрам на неговото гостување во „24 анализа“ во врска со претстојните претседателски избори и можните кандидати на опозицијата за претседателската функција во државата.

За разлика од него, за Заев не знаел дека дека има широко срце и отворен за комуникација што не било случај со Груевски.

„Сум имал 10 средби со него и сум многу задоволен од него и ја гледам иднината на Роми се што кажа се се остварило. Во овој момент сум толку близок со Заев што самиот ме прима и ми одговара кога и да му се јавам. Груевски не беше толку комуникативен.“ вели Бајрам.

Во врска со неговата кампања како веќе извесен кандидат за претседател кој директно ќе се трка на изборите за таа функција, Бајрам истакна дека е сериозен во намерата преку социјалните мрежи да ја започне преку неговата кампања за претседател на државата преку фејсбук и нагласи дека досега има собрани близу 100 000 лајкови.

„Силен сум многу, тоа е еден пробен балон како ќе биде меѓу граѓаните. Имам подршка од сите, познат сум кај сите. Бренд си е бренд нема да биде Кока Кола, туку Амди Кола. Колку пијалоци ќе се испијат, толку гласови ќе добијам.“ – убеден е Амди и покажа шише од пијалокот, но со негов лик. Тој истакна дека ќе дели такви брендирани шишиња во рамки на кампањата.

Во однос на застапеноста на ромската популација, тој е убеден дека Роми добиле многу.

„Со мојот глас добивме сите Роми. Тие кои се дојдени се дошлаци, пола се од надвор, половина од Косово.“ – потенцираше тој.

Потенцираше дека денеска се отвори една многу важна врата за Македонија и дека со членството во НАТО ќе се отворат многу инвестиции во Македонија.