Иванка Трамп: „И јас сум дете на мигрантка“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иванка Трамп, иако во најголема мера е верна на политиката која ја води нејзиниот татко Доналд Трамп како претседател на САД, се огради од неговиот остар и контроверзен говор во врска со имиграција и медиуми.

Во нејзината изјава во споменатото интервју, Иванка Трамп потенцираше дека над 2.500 деца на мигранти се одвоени од нивните родители кои влегле во САД илегално и тоа е  „еден од најлошите моменти” што ги доживеала откако официјално и приватно, како ќерка и советник на Трамп, е во Белата куќа.

„Имам многу силен став во врска со ова, и јас силно се противам на одвојувањето на семејството”, истакна таа на конференцијата организирана од страна на сајтот Аксиос во Вашингтон. Сепак, Иванка Трамп додаде: „Имиграцијата е исклучително сложено прашање” и продолжи „Ќерка сум на имигрантка”, мислејќи на нејзината мајка, Ивана, која израсна во тогашна Чехословачка.