Чарли Шин: „Не можам да плаќам алиментација, ме уништија! Не можам да најдам работа“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Познатиот холивудски актер Чарли Шин тврди дека не може да плаќа алиментација за своите четири деца, а списанието People дојде до судски документи кои докажуваат дека тој поднел барање за модификација на плаќањето.

52-годишниот актер, кој има две ќерки со Дениз Ричардс и два сина со Брук Милер, вели дека не може да постигне да ја подмирува месечната алиментација бидејќи „не може да најде постојана работа затоа што заврши на црната листа од многу аспекти на забавната индустрија“.

Актерот тврди дека има „значајно намалување“ на приходите и дека страда од „страшна финансиска криза“. Шин, кој наводно „тежи“ нешто помалку од 10 милиони долари, вели дека не може да им исплати неколку долгови на своите вереници, а кои се наведени како „минато“.

Шин се ожени со Ричардс во 2002 година, а се разведоа во 2006 година. Ги имаат 14-годишната ќерка Сем и 13-годишната Лола.

Во 2008 година Чарли се ожени по втор пат, со уште една колешка, Брук Милер, но се разведоа во 2011 година. Од бракот ги имаат синовите Макс и Боб, двајцата 9-годишни. Шин, исто така, ја има и 33-годишната ќерка Касандра Џејд Естевез, од врската со средношколската љубов Пола Спирт.

Чарли, кој потекнува од холивудско семејство, во 2010 година беше најплатената телевизиска ѕвезда. Тоаш заработуваше вртоглави 1,8 милиони долари по епизода за серијата „Два и пол мажи“. Набрзо после тоа Шин беше отпуштен откако јавно го извреѓа авторот на серијата, Чак Лори, кој одлучи да го замени со Ештон Качер.

Оваа година Шин ја даде на продажба неговата вила во Беверли Хилс за 10 милиони долари. Раскошниот дом има седум спални соби и седум бањи.

Во април списанието The Blast објави судски документи кои открија дека Шин наводно должи речиси пет милиони долари данок само за 2015 година. Во јуни Чарли беше ангажиран во спотот од хип-хоп музичарот Лил Пимп.

Мелани Лински, неговата колешка од „Два и пол мажи“, за Fox News изјавид дека од снимањето на серијата со Шин има само убави спомени.

„Се немаме чуено некое време“, признава таа. „Но, секогаш му посакувам сè најдобро и се надевам дека е добар. Тој е многу, многу великодушен актер и спрема мене секогаш беше љубезен“.

Шин во 2015 година јавно призна дека е ХИВ позитивен.