Легендарниот Ники Лауда на итна трансплантација на БЕЛИТЕ ДРОБОВИ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Трократниот шампион во Формула 1, Ники Лауда закрепнува во болница откако му се трансплантирани бели дробови. Имено, 69-годишниот Австралиец имаше проблеми поради неколку заболувања на белите дробови, велат од општата болница.

„Трансплантацијата беше успеѓна“, додаваат во соопштението.

Лауда инаку трите титули ги освои со два тима на Ферари и Мекларен. Пред операцијата пак, беше на краток одмор на Ибица, пренесуваат медиумите.

Лауда, освен по титулите познат е и по тоа што одвај ја преживеа тешката несреќа во 1976. година, кога го извлекоа со тешки изгореници од запалено возило. И освен тоа, на стазата се врати само шест недели подоцна, и освои потоа две шампионски титули.