Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Заштитниците на животни на јужниот Австралиски Остров, Рејмонд, наведуваат дека коалите умираат од глад, бидејќи жителите на островот ги сечат дрвата за да спречат пожари, со што ги уништуваат нивните домови и изворот на храна.
Венди Хендриксон, спасител на остоворот Рејмонд изјави дека центарот на тој остров прима најмалку една изгладнета коала секоја недела.
„Тоа ги погодува коалите ширум земјата, не само на островот Рејмонд“, изјави Хендриксон, која работи во центарот во кој живеат 250 коали и 470 луѓе, пренесува Ројтерс.
„Овде проблемот е видлив, бидејќи имаме еден центар кој им припаѓа на сите коали, па можеме подлабоко да го согледаме проблемот“, истакна таа.
Австралија е погодена од есктремно време на суша, која е најизразена на северот од државата Нов Јужен Велс.
Напорите со сечењето на стеблата да се спречат пожари, им се заканува на коалите, бидејќи тие преживуваат хранејќи се со листот од еукалиптус.
Според австралискиот закон, коалите се ранливи животни и во дивината ги има помалку од 90.000, а веројатно се околу 43.000, наведува Австралиската фондација за коали.
Ова е само уште еден вид во низа кој исчезнува од Земјата.