Живот

ОВА СЕ ПЕТТЕ ЗНАЦИ кои укажуваат на тоа дека сте ја пронашле СРОДНАТА ДУША

Понекогаш е доволна една средба, а понекогаш некое време за да се заљубиме, но кога хемијата ќе се случи, тоа е во суштина тоа. Да се пронајде сродната душа е сепак малку потешко, но ако се препознаете во овој текст слободно издишете бидејќи вие веќе сте ја пронашле.

Вие двајца сте секогаш на иста фрекфенција

И не, притоа не мислиме на тоа да нарачувате исто јадење или пијалок, туку на милион подударности со кои ќе се соочите секојдневно. Можеби тоа е заеднички вкус за филмови, книги или музика, можеби делите исти желби и соништа. Што и да е во прашање, вие живеете како едно.

Се чувствувате дека покрај него секојдневно напредувате и растете

Сродната душа не значи идеална врска во која нема несогласувања и расправии, бисдејќи сите добро знаеме дека совршенство не постои. Но, благодарение на неговата поддршка, охрабрување и добронамерни критики, од ден во ден станувате се подобра личност. И благодарни сте му на тоа.

Нема нешто што тој не знае за вас

Тој вас се познава веројатно подобро отколку вие самите. Тој знае колку ве плаши што полека сте претворате во својата мајка, или колку сакате да ја напуштите сигурната работа за да создадете свој бизнис. Тој знае дека плачете како дождовна година секогаш кога гледате одреден филм и дека гледањето на „Сексот и градот“ ви доаѓа како терапија. И она што е најважно, не ве осудува за ништо, туку ве сака токму таква каква што сте.

Тој е првата личност која ја знае секоја голема или мала новост во вашиот живот

Не затоа што мислите дека морате нешто прво да му јавите нему, туку затоа што е тоа навистина така, така едноставно сакате. Кога ќе добиете работа, зголемување на платата или унапредување, прво му јавувате нему, а тој е првата личност со која сакате да прославите се убаво што ви се случува. Вашата сродна душа секогаш ќе биде во тек со сите новости во вашиот живот, како оние позитивните, така и со негативните, малите или пак, големите.

Ве чита како отворена книга

Можеби не може да ги чита вашите мисли, но најблиску е до тоа што можете да замислите. Доволни му се неколку секунди во ваше друштво да знае што ве мачи, дека сте поради нешто возбудени, загрижени или чувствителни. И во каква и да сте состојба моментално, тој секогаш знае најдобра идеја како да ве расположи, насмее, развесели или утеши.

Advertisements
To Top