Сараевскиот Унивезитет со досега невиден КОДЕКС во академската пракса: Забранети мини здолништа и високи потпетици?!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Доколку се усвои предложениот кодекс за облекување и однесување на Универзитетот во Сараево, за кој се води јавна расправа помеѓу студентите, професорите и соработниците на сите факултети ќе мора да се однесуваат и облекуваат по правилата кои досега не се запаметени во академската пракса.

Тие правила, пишува Политика, пропишуваат, помеѓу останатите, на факултетот, нема да може да се доаѓа во мини здолништа, високи потпетици, маици со деколте, накит, со премногу шминка, тесна и прозирна облека, како и „намерно“ искинати фармерки, видливи тетоважи, пирсинзи и.т.н.

Усвојувањето на кодексот би значело дека во факултетските простории во иднина не би можеле да влезат оние кои исклучиво не се „работно – лежерно облечени“.

Политика наведува дека поголемиот дел од јавноста, особено професорите и студентите, се против таквиот кодекс бидејќи тој, како што заклучи и Студентската асоцијација на Филозофскиот факултет, „го деградира универзитетот како образовна институција и сите негови профеосри и студенти“.

Додека противниците ги бранат принципите на модерните европски либерални демократии, во кои не може да се забрани се што ни се допаѓа, од друга страна, може да се чуе дека кодексот е неопходен, бидејќи многу студенти на факултетите се појавуваат во непримерна облека.

„Беше крајно време да се каже „не“ на изгледот и однесувањето кои доликуваат на „гранд парада“, а не на Универзитетот во Сараево“, изјави претседателот на студентите во Управниот одбор и некогашен претседател на Студентскиот парламент, Харис Захирагиќ, кој ја покрена иницијативата за донесување на кодексот.

Професорот на филозофскиот факултет, Ведад Смаилагиќ вели дека Универзитетот во Сараево е европски јавен универзитет кои би требало да усвои што е можно побрзо европски вредности кои се огледуваат во убедувањето дека слободата е на индивидуалецот и не загрозува никого, што е темелна вредност на едно друштво.