Ивана Трамп: Јас сум првата, Меланија нека го преболи тоа!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Бившата сопруга на американскиот претседател Доналд Трамп, Ивана Трамп, соопшти дека всушност нејзне ѝ припаѓа титулат апрва дама, а не на сегашната сопруга на Доналт, Меланија Трамп.

Во разговор за The Wendy Williams Show, таа самата себеси се нарече прва дама неколку пати.

„Ќе ви кажам, јас всушност сум прва дама Трамп. Јас бев прва дама, не знам кој ѝ е проблемот на Меланија. Само, тоа мора да го преболи. Извинете, ама таа е прва дама на Американ, јас сум прва дама Трамп“, инсистираше Ивана на промоцијата на нејзината нова книга, Raising Trump.

Бившата сопруга на лидерот на САД, исто така, додаде дека има директен број од Белата куќа, но дека не сака никого да бара таму, бидејќи таму живее Меланија.

„Не сакам да предизвикам никаква љубомора или нешто слично, бидејќи во суштина сум прва дама Трамп. Во ред? Јас сум прва дама“, нагласи Ивана.

Меланија не ги коментираше изјавите од Ивана, но се огласи нејзниот портпарол.

„Госпоѓа Трамп Белата куќа ја направи дом за нејзиниот син Барон и претседателот Трамп. Таа сака да живее во Вашингтон и е почестена со нејзинита улога на прва дама на САД. Планира таа титула и улога да ја искористи за да им помага на децата, а не да продава книги“, изјави портпаролот на Меланија за медиумите.