Home Спорт Италијанците тврдат: Икарди се сели во Реал Мадрид

Италијанците тврдат: Икарди се сели во Реал Мадрид

Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди може да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид, пренесува познатиот италијански новинар Танкреди Палмери.

Иднината на Мауро Икарди е главна тема на Апенините веќе подолго време. Аргентинецот одби да игра за Интер откако му беше одземена капитенската лента со изговор дека е повреден.

Пред неколку дена повторно почна со тренажен процес и се очекува наскоро да се врати на терените, но многу веројатно Икарди ја игра последната сезона на „Џузепе Меаца“.

Поради тоа се почести се шпекулациите за неговата иднина, а една од најспоменуваните дестинации е Реал Мадрид.

„Кралевите“ на лето ќе прават реконструкција на тимот и Зидан сака да ја искористи ситуацијата и да го донесе Арентинецот на „Сантиаго Бернабеу“.

Познатиот новинар пренесува дека утрово раководството на Реал имало состанок, а главна тема бил кому Икарди. Цената на напаѓачот падна во последно време, па медиумите тврдат дека Интер ќе го пушти да замине за сума од 80 милиони евра.

За Реал Мадрид таа сума воопшто нема да претставува проблем, но сепак тренерот и директорите сакаат да ги разгледаат сите аспекти од трансферот, бидејќи во Икарди гледаат идеален наследник за Карим Бензема.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…