Home Актуелно Еко-патролата продолжува да ги едуцира граѓаните за правилното постапување со отпадот

Еко-патролата продолжува да ги едуцира граѓаните за правилното постапување со отпадот

Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје продолжува со едукативните активности на терен, со цел информирање на граѓаните како правилно и совесно да постапуваат со својот отпад.

Во скопските општини Аеродром и Кисела Вода, граѓаните беа едуцирани дека Законот за јавна чистота забранува
градежниот и кабастиот отпад да се одлага на јавните површини или во контејнерите и информирани дека ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје им овозможува електронската, електричната опрема и застарениот мебел да го депонираат во центрите за селекција на отпадот во Карпош и во Вардариште, без плаќање паричен надоместок.


Со цел превентивно дејствување на прагот од пролетната сезона, Еко-патролата оствари и низа средби со сопственици и вработени во угостителските објекти на Кејот 13-ти Ноември, со коишто беше разговарано за правилното третирање на отпадот од храна и елиминирањето на исцедоците коишто создаваат непријатна миризба околу садовите и можност од зарази.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…