Home Спорт Италијанците се спринтерското чудо на Олимпијадата – го освоија златото и на штафетата 4х100 метри

Италијанците се спринтерското чудо на Олимпијадата – го освоија златото и на штафетата 4х100 метри

Продолжува одличната спортска година за Италија. Италијанските спринтери во Токио се победници и во штафетата четири пати по 100 метри.

Предводени од шампионот на 100 метри Марсел Ламонд Џејкобс Италија изненади и дојде до златото. Херојот беше Филипо Торту кој во последната измена во финишот го престигна Нетенил Мичел-Белјк од Велика Британија.

Ова е прво штафетно злато во историјата на Италија и до него дојдоа со време од 37.50 секунди. Бронзата ја освоија Канаѓаните.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…