Италијанскиот гигант заљубен во Даглас Коста!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Крилниот напаѓач на Баерн Минхен оваа сезона пружа солидни партии за германскиот гигант, иако не е стандарден во првиот тим кај Анчелоти.

Поради тоа Бразилецот неодамна во интревју дадено за „Билд“ изјави дека не е среќен од моменталниот статус и ги потврди контактите со одредени клубови од Шпанија и Италија.

Медиумите тврдат дека италијанскиот шампион Јувентус е сериозно заинтересиран за услугите на Даглас Коста и ќе направи се за да го донесе во Торино на лето.

Баерн не е загрижен од ваквите случувања и смета дека ова е само тактика на Даглас Коста да добие нов побогат договор, но сепак Јувентус е спремен во наредните недели да испрати официјална понуда за потписот на Бразилецот.