Home Живот и здравје Истражување: Мажите кои финансиски се зависни од сопругите се под поголем стрес

Истражување: Мажите кои финансиски се зависни од сопругите се под поголем стрес

Резултатите од социјално-економското истражување направено во Велика Британија покажаа дека мажите чии сопруги имаат 40 проценти поголем приход од нив се под голем стрес. Стресот е особено поголем ако тие финансиски зависат од понежната половина.

Експертите сметаат дека ваквите резултати говорат дека и понатаму постои традиционално уверување дека мажите мораат да заработуваат повеќе од нивните жени, но и дека тоа може да се одрази на нивното здравје.

„Стресот од споменатата причина може да предизвика сериозни физички, ментални, емоционални и социјални проблеми“, смета економистот Џоун Сирда.

Во истражувањето учествувале 6.000 парови, а резултатите покажале дека во браковите во кои жените остваруваат поголем приход по глава во семејството, растат процентите на неверства и разводи.

Истражувањето покажало дека на мажите пред да стапат во брак не им сметало тоа што партнерката заработува повеќе, но поради општествените норми очигледно стануваат поранливи по венчавката.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

5 летни навики што го подобруваат здравјето на срцето

Уживајте во летото, додека истовремено го зајакнувате срцето Летото не е само време за одм…