Home Спорт Историски момент во фудбалот: Судија во Португалија покажа бел картон

Историски момент во фудбалот: Судија во Португалија покажа бел картон

На фудбалскиот дуел помеѓу женските тимови на Бенфика и Спортинг беше забележан историски момент во фудбалот.

Имено, оние кои го гледаа натпреварот беа зачудени кога судијата на португалското женско дерби покажа бел картон. На многумина не им беше јасно за што станува збор и зошто се доделува белиот картон.

Сепак, набрзо пристигна објаснување. Имено, белиот картон се доделува за фер-плеј и судијата на оваа средба го додели на медицинските тимови.

Двата медицински тима имаа заедничка реакција кога еден член на клупата за резерви се пожалил на повреда.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…