Исчезна јапонски остров: Јапонија ќе трага по парчето копно оти многу им е важно


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Според изјавите од јапонската крајбрежна стража, најавена е потрага по ненаселениот остров кој исчезна од северниот морски дел на јапонската територија.

Ненаселениот остров кој исчезна се наоѓаше на отприлика 500 метри од селото Саруфуцу во северниот дел на Хокаидо.

Старите локални жители потврдија дека имало мал остров во близина, но некое време никој не го видел од копно ниту од брод. Од друга страна, некои рибари велат дека островот знае да се појави на нивните навигациски системи.

Властите се загрижени поради тоа што островот беше користен за обележување на границата на јапонските територијални води во граничната област со Русија.

Многу од овие острови кои Русите ги нарекуваат Курилски Острови, своевремено биле одземени од страна на советските сили по Втората светска војна. По распадот на Советскиот Сојуз, островите се споиле со Русија, но и понатаму тие останаа спорна област, а Јапонија сè уште бара нивно враќање.

Во 2014 година, јапонската влада официјално обележани 158 ненаселени острови како граница на нивната територија.