Почина девојчето чија фотографија го сврте светското внимание врз гладот во Јемен


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сигурно повеќето од вас ја имаат видено фотографијата со до коски изгладнетото девојче, со стиснати рачиња и претажен поглед која ја објави New York Times. На фотографијата е Амал Хусаин како лежи на болнички кревет на северот од Јемен, земјата која е разрушена од војната која беснее таму.

Фотографијата беше објавена минатата недела и барем на кратко го сврте светското јавно и медиумско внимание на гладот поради кој секоја минута во Јемен умираат луѓе, претежно деца. После објавената фотографија, во New York Times се јавиле илјадници читатели кои сакале да испратат пари, храна и други намирници во Јемен, изразувајќи желба да му помогнат на девојчето и да го тргнат од воената зона каде се гладува до смрт.

Амал

За жал, нејзиното семјество соопшти дека завчера Амал „замина на некој подобар свет“. Малата душичка починала на креветот од девастираниот бегалски камп.

„Моето срце е скршено“, изјави мајката на Амал, Мариам Али. „Секогаш беше насмеана. А сега, сега се грижам за своите останати деца“.

Глад

Потресните човечки жртви од војната во Јемен и нападите кои ги води коалицијата предводена од Саудиска Арабија, за жал ова мора да го пишеме со тешко срце, „благодарение“ на смртта на малата Амал, повторно се вратија во центарот на глобалната политичка агенда. За тоа придонесе и приказната за бруталното убиство на новинарот Џамал Кашоги, а виновникот е тој – Саудиска Арабија, пишува NYT.

Али ал Хаџаџи и неговата сопруга Мохамедија Мохамед го загубија едниот син поради глад. Сега стравуваат дека ќе го загубат и другото синче
Кога Шахер се разболе, Хаџаџи се обидел да го лечи со старински традиционални методи со горење, па видливи се изгорениците на телото од детето

САД и Велика Британија, најголемите продавачи на оружје за Саудиска Арабија, повикаа на прекин на огнот во Јемен. Американскиот министер за одбрана, Џејмс Матис, вели дека очекува прекин на огнот во наредните триесет дена.

„Мора да работиме на мирот, веднаш, не можеме да велиме дека ќе направиме нешто, таму, некогаш во иднина“, вели тој.

4-годишниот Шаади почива во гроб означен со обичен скршен камен

Во Јемен моментално има 1,8 милиони протерани деца, а малечката Амал го стави човечкото лице на предупредувањето дека гладот, за кој се одговорни луѓе, ќе го уништи Јемен во наредните месеци. Обединетите нации наведуваат дека моментално 8 милиони Јеменци се потпираат само на хуманитарна помош, а се очекува тој број во наредните недели да порасне на 14 милиони, што е половина од вкупниот број на жители на оваа земја.

Басама Мохамед Хасан, која страда од прегладнетост и церебрална парализа, во болница во Сана

5-годишниот Ахмед Ибрахим ал-Џунди во Аслам

Хуманитарните работници, а сега и светските лидери, повикаа на моментален прекин на огнот, а се воспоставија и итни мерки за опоравување на уништената економија на Јемен, каде вртоглво високите цени на храната буквално збришаа цели семејства, населби, градови.

Репортерите на New York Times ја сликаа Амал во Аслам, град кој се наоѓа на 90 километри оддалеченост од јеменската престолнина Сана. Лежеше на кревет со својата мајка. Се обидуваа секој ден, на два часа, да ја хранат со млеко, но малечкото постојано повраќаше и имаше тешки стомачни тегоби. Доктор Мекиа Махди седеше на нејзиниот кревет и ја галеше по косичката. Кога влегоа репортерите, фати мал дел од нејзината кожа, го крена и рече: „Видете го ова. Гледај, свету. Нема месо. Само коски“.

И мајката од Амал била болна, имала денга треска, која ја пренесуваат комарците. Семејството на Амал мораше да го напушти својот дом поради воздушните напади од страна на Саудиска Арабија, која во последниве три години, изведе над 18.000 воздушни бомбардирања на Јемен. Живееја во Саад, провинција во која мнозинството се Хути, бунтовници кои го контролираат Северен Јемен и кои Саудиска Арабија ги доживува како продолжена рака на Иран.

Воздушните бомбардирања уништија мостови како овој во Бани Хасан, фабрики, рибарски бротчиња и полиња, со цел да ги уништат изворите за храна
Уништени домови во стариот дел од Сана

Надеж

Геополитиката на војната, пак, сега се чини многу далечна, бидејќи во Јемен денес владее само глад, никој и ништо друго. Амал на арапски значи „надеж“ и многумина се надеваат дека трагичната судбина на ова убаво девојче ќе го сврти вниманието на војната во која загинаа десетици илјади луѓе. Минатата година во Јемен беше забележана најголемата епидемија на колера во модерната човечка историја.

„Никому не му е грижа за нив“
11-годишниот Вада Аскри Мешел беше примен во болницата во Аслам во состојба на прегладнетост. Почина осум часа подоцна.

Амал беше пуштена од болница минатата недела. И понатаму беше болна, но на докторите им беа потребни кревети за други пациенти. Семејството ја врати во бегалскиот камп, во колиба направена од слама и пластична фолија, каде хуманитарните работници делат нешто малку шеќер и ориз. Но, тоа не беше доволно за малата Амал.

Нејзината состојба се влоши три дена откако излезе од болница. Иако лекарите бараа таа да се врати во болница, нејзиното семјество немаше пари да го плати превозот.