Irish Times: Македонија – новата Грција за оние кои сакаат добар одмор?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Оваа балканска убавина нуди неверојатна вредност и убави пејсажи далеку од летните гужви. Ова е првата реченица од написот за Македонија објавен во магазинот Irish Times.

Дали сте слушнале за Охридското езеро? Тоа се наоѓа во Макеоднија и е едно од најголемите и најдлабоките езера, за кое многу луѓе не знаат ништо. Оваа држава е често занемарена покрај нејзиниот сосед Грција. Едноставноста и ниските цени за патување меѓу двете држави овозможуваат лесен престој во овој дел од Европа. За да ни биде интересно, ние патувавме со деветмесечно бебе користејќи јавен транспорт, наведува новинарот на оваа сторија.

Македонија е присутна во вестите поради спорот со името со нејзиниот јужен сосед, а неодамна е преименувана во Република Северна Македонија, во договорот меѓу двете земји. Грција, која исто така има дел наречен Централна Македонија во досегашниот период го блокираше пристапот на Македонија кон ЕУ и НАТО, но и користењето на името на Александар Велики. Иако името на Александар Велики се користи во двете земји, Грција е повеќе загрижена поради територијалните претензии на Македонија во Централна Македонија во Грција. Тоа придонесе за промена на официјалното име на Македонија, од страна на нејзината влада. Дури и аеродромот од Александар Велики беше наречен Меѓународен аеродром Скопје.


Наша прва дестинација беше Солун во Грција. Ние слетавме во Скопје, а потребни ни беа 3 часа за да стигнеме до Солун. Главниот автопат меѓу Македонија и Грција претходно познат како Александар Македонски, сега има име „Пријателство“.

Авторот на текстот наведува дека по престојот во Скопје, тие заминуваат во Охрид, каде е многу лесно да се стигне поради туристичките агенции кои продаваат автобуски билети на Меѓуградската станица. Тој наведува дека до Охрид може да се стигне и со такси, но треба да се биде внимателен.

Потребни се три часа да се стигне со автобус до Охрид од Скопје. Охридското Езеро им припаѓа на Макеоднија и Албанија и е многу познато, како за домашните, така и за странските туристи. Авторот ја наведува и својата восхитеност од стариот град на Охрид, кој има многубројни ресторани кои потсетуваат на историјата на Македонија под Отоманско владеење, но и вкусовите на Турција и Средниот Исток. Тој наведува дека Охрид е исто така познат и како Ерусалим на Балканот, а како една од локациите кои задолжително треба да се потсетат е Св. Наум и Галичица.

Завршувајќи го текстот посветен на Македонија, статијата ги споменува податоците за големиот мултимилионски проект „Скопје 2014“ и големата статуа на Александар Македонски која е лоцирана на централниот дел на плоштадот. Авторот го завршува текстот посочувајќи дека Македонија полека станува голема туристичка дестинација која може да се носи со своите соседи, нудејќи одлична вредност, но и преубави места за посета и бегство од летните гужви.

Извор