Home Спорт Ирина Дибирова, сопругата на Дибиров – нов тренер на ЖРК Вардар

Ирина Дибирова, сопругата на Дибиров – нов тренер на ЖРК Вардар

ЖРК Вардар објави дека од четвртокот нов тренер на тимот е Ирина Дибирова, порано Полторацкаја, која функцијата го наследи Давид Дејвис Камара.

Ирина Дибирова Полторацкаја (37) е поранешна ракометарка, во кариерата има освоено три светски шампионска со Русија и две титули во Лигата на шампионите (Слагелсе и Звезда). Помошник на Дибирова ќе биде Аце Станковски, кој им беше асистент и на нејзините претходници Кастратовиќ и Дејвис.

Полторацкаја, инаку е сопруга на ѕвездата на машкиот тим на Вардар, Тимур Дибиров.

Таа со ЖРК Вардар работи веќе неколку денови, а на клупата ќе дебитира в сабота на натпреварот со Турингер во Скопје.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…