Инцидент на дуелот Шкупи-Шкендија во Чаир: „Шверцери“ ги нападнаа играчите од Тетово – ги спасуваа специјалци 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денеска се играат натпреварите од четвртфиналето во фудбалскиот Куп на Македонија, а натпреварот помеѓу Шкупи и Шкендија беше прекинат поради насовна тепачка.

Дербито траеше само осум минути, а после голот на Елези и водството на Шкендија настава вистински хаос.

Домашните навивачи експресно влетаа на теренот, по што настана мешаница и масовна тепачка.

Специјалните единици веднаш мораа да интервенираат и ги извлекуваа фудбалерите на Шкендија.

Судиите се повлекоа во соблекувалните, а потоа беше објавено дека мечот е прекинат и нема да се доигра.