Home Актуелно Временска прогноза за денешниот четврток

Временска прогноза за денешниот четврток

Времето во Македонија денеска, четврток, 10. ноември, ќе биде стабилно и претежно тивко со ниска облачност и магла по котлините. Попладне сончево со мала до умерена облачност.

Во Скопје претпладне со појава на магла и ниска облачност, преку денот сончево со умерена облачност. Дневните температури ќе достигнат- во Скопје 15 Целзиусови степени, Маврово 14, Охрид 17, Битола 14, Крива Паланка и Берово 18, Кавадарци 17, Дојран 19.

Од утре времето ќе биде променливо облачно со умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег.

Во Скопје променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од 10 до 18 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…