Новиот шеф на ОЈО ГОКК, Абази, треба да го решава случајот во кој е инволвиран таткото на неговата сопруга


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првиот инспектор за транспорт Руфат Хусеини е татко на сопругата на Ислам Абази, новиот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Токму Хусеини бил дел од системот кој дозволувал контроверзните автобуси на „Беса транс“ да влегуваат во домашен и меѓународен сообраќај без соодветна контрола, јави ТВ Алфа.

Во сообраќајната несреќа на автобус на „Беса транс“ лани во ноември во Бугарија загинаа 45 македонски граѓани.

„Сега зетот Абази ќе треба да докажува каде се пропустите на надлежните институции затоа што ‘Беса транс’ си тераше бизнис беа дозволи и зошто станицата за технички преглед во Сарај, каде автобусот добил зелено светло, со низа нерегуларности не била затворена. Лиценците и сертификатите ги издава Министерството за транспорт, но за нивна контрола е задолжен државниот инспекторат за транспорт чиј директор во време на несреќата беше Руфат Хусеини. Инспекторот по несреќата на ретките настапи пред јавноста наместо да објасни, се чудеше како автобусот ги минувал границите, а немал лиценца“, јави ТВ Алфа.

Откако Абази беше прогласен за прв обвинител на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, се дозна дека и неговата сопруга, односно ќерката на Руфат Хусеини, е кандидатка во Академијата за судии и обвинители. Тоа значи дека таа наскоро треба да стане обвинителка или судијка.

 

Во првата изјава за јавноста Абази вети дека ќе се бори со криминалот и корупцијата, вети транспаретност, ама рече и дека иако се од исто село со лидерот на ДУИ, тој не се познава со Али Ахмети и дека не е дел од структурите на ДУИ. Неколку часа подоцна се појавија фотографии на која се тој и Фикри Ахмети, братот на лидерот на ДУИ, фотографија со Невзат Бејта, потпретседателот на ДУИ…