Интернетот гори: Саутемптон го доведе Серхио Рамос!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Корисниците на Твитер, особено оние на Островот потполно полудеа после новата аквизиција на Саутемптон.

Имено, тренерот на „светците“, Клод Пуел одлучи од својот бивши клуб Ница да го доведе голманот Муез Хасен кој неверојатно потсетува на капитенот на Реал Мадрид Серхио Рамос.

Поради оваа сличност на дефанзивецот на „кралевите“ и 21-годишниот голман на социјалните мрежи настана вистински хаос.

Иначе Хасен пристигна во Саутемптон на шестмесечна позајмица со можност клубот да го откупи неговиот договор на крајот на сезоната.

Мора да признаете дека неодоливо потсетува на Серхио Рамос!