Home Спорт Интер ја сака ѕвездата на Ајакс – Холанѓаните бараат 40 милиони!

Интер ја сака ѕвездата на Ајакс – Холанѓаните бараат 40 милиони!

Италијанските медиуми пренесуваат дека милански Интер е сериозно заинтересиран за дефанзивецот на Ајакс Давинсон Санчез, кој важи за еден од најталентираните во светот.

Сепак, „нероаѕурите“ нема лесно да стигнат до потписот на младиот Колумбиец, бидејќи од Ајакс порачаа дека нема да го пуштат за сума помала од 40 милиони евра.

Санчез нема да може да замине од клубот са сума помала од 40 милиони евра“, изјави Овермарс за холандските медиуми.

21-годишниот стопер од Колумбија минатата сезона беше еден од најдобрите играчи на Ајакс и се промовираше како еден од најталентираните дефанзивци во светот.

Ајакс минатата сезона стигна до финалето во Лига Европа, па Санчез го привлече вниманието на многу европски гиганти, но најсилен интерес покажува токму Интер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…