Импресивни фотографии од НАСА: Вака изгледа пробивањето на звучниот ѕид


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


НАСА за прв пат успеа да го „замрзне“ на фотографија изгледот на ударните бранови од два авиони кои летаат со брзина поголема од брзината на звукот во моментот кога го пробиваат звучниот ѕид.

На фотографиите се гледаат два борбени авиони Т-38 на американското воздухопловство додека летаат со брзина поголема од брзината на звукот на меѓусебна оддалеченост помала од девет метри и како од двете страни создаваат ударни бранови.

„Не можевме ниту да сонуваме дека ќе се гледаат толку јасно и дека ќе бидат олку убави” изјави физичарот Џејти Хајнек од НАСА. центарот.

НАСА работин на идеја за комерцијален авион што може да лета тивко, дури и кога лета со брзина поголема од брзината на звукот, од 1289 км/час.