Пијана работа: Тргнале да каснат нешто во МекДоналдс, завршиле во Барселона


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Двајца тинејџери од британски Сасекс, Тара Хамерсли и Џек Месер, до крајот на животот ќе го памтат нивното одење во МекДоналдс да каснат нешто, бидејќи работата малку се „искомплицирала“ на патот до ресторанот.

Двајцата 19-годишници тргнале по сендвичи во МекДоналдс. Но, попатно поминале на забава и се испијаниле јако. Се „начукале“ до таа мера што, несвесни, дошле до аердромот Гетвик во Лондон, фатиле лет и заминале за Барселона. Идејата „да се прошетаат негде во странство“ ја добил пијаниот Џек.

Тара воопшто не се сеќава како стигнала во авионот. Таа само се сеќава дека и било лошо во ноќниот клуб. Џек се сеќава дека ги букирал билетите.

Се разбудиле во авионот и не знаеле каде патуваат. Џек со кредитната картичка од родителите , успеал да купи карти за повторно да се вратат назад во Лондон , пишува британски Мирор.