Од гламур и луксуз до затвор – претседателската ќерка заврши зад решетки


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ѓулнара Каримова, ќерка на починатиот претседател на Узбекистан, Ислам Каримов, заврши во затвор откако го прекрши условот за петгодишен домашен притвор.

Ѓулнара во 2017 беше осудена на 10 години затвор поради измами и перење пари , но казната минатата година и е преиначена во домашен притвор. Таа за време на претседателскиот мандат на нејзиниот татко беше амбасадорка во Шпанија, постојана претставничка на својата земја во Обединетите нации во Женева и поп пејачка. Сите предвидуваа дека ќе го замени татко и на претседателското место во Узбекистан.

Сега нејзиниот швајцарски адвокат се жали дека Ѓулнара на сила била одведена од нејзиниот стан и бара да се прогласи Узбекистан за земја во која не владее правото.

Нејзината ќерка Иман на Инстаграм објави фотографија од апсењето на Ѓулнара, каде се гледа двајца мажи како држат жена облечена во влечки и наметка.

Обвинителите велат дека судот во Ташкент решил Ѓулнара да се однесе во затвор, зашто користела интернет, го напуштала станот и не исплатила компензација за државата.

Каримова како ќерка на претседателот Ислам Каримов имала во Узбекистан свој бренд на накит, сопствен телевизиски канал и кариера на поп пејачка под име Гугуша.

Но, во 2014 се скарала со семејството и татко си, по што била приведена од безбедносните сили. Не се појавила ниту на погребот на татко и во 2016, кој со железна рака владееше 27 години во Узбекистан.

Таа била обвинета дека е дел од злосторничко здружение за да дојде до имот вреден милијарда долари во 12 земји меѓу кои во Британија, Русија и Обединетите Арапски Емирати.